Легендарниот гитарист од групата „Дивље јагоде“, Зеле Липовача ја преработи традиционалната македонска песна „Македонско девојче. Работниот наслов на новиот албум е You Are the Wind and I’m the Flame” и ќе биде објавен наесен.
Последниот, трет соло албум, Липовача го објави 2016 година под насловот Internal Waves of Love.
На песната работеа и браќата Гаро и Диран Тавитјан на тапани и на клавијатури и Александар Јовевски на кавал. Официјалниот спот ќе се снима во Скопје.