Флексибилните телефони се сметаат за помалку издржливи во споредба со стандардните модели. Зак од популарниот YouTube канал JerryRigEverything се одлучи на својот вообичаен тест на издржливост да го подлегне најновиот Huawei Mate X2 телефон.
Предниот дисплеј на смартфон е покриен со стакло, така да се гребе од шестото ниво на Мосовата скала, со подлабоки засеци од седмо ниво, што е вообичаено. Од внатрешна страна, меѓутоа, се наоѓа пластичен екран, кај кој гребнатините се покажуваат веќе од второто ниво, со подлабоки засеци од третото ниво. Дури и гребењето со нокти остава траги.
Надворешниот дисплеј издржува на отворен оган околу 25 секунди, по што побелува и не се опоравува. Внатрешниот екран поцрнува под пламенот за околу десетина секунди и исто така не се опоравува.
На крајот, тестот на свиткување покажува дека Huawei Mate X2 не се свиткува ни од „прав“, ниту од „погрешен“ агол, што е импресивно, посебно кога ќе го споредиме со гејминг телефоните кои не се издржливи.