Иако се верува дека Челси, Барселона и Интер се главните кандидати за потписот на Серхио Агуеро по крајот на неговиот договор со Манчестер сити, во игра влегува и Евертон со посебна понуда за Аргентинецот, тврди весникот „Дејли стар“.
И покрај тоа што „карамелите“ не можат да си ја приуштат платата од 240.000 фунти неделно на Кун Агуеро, тие се надеваат дека ќе успеат да го убедат со значителен бонус за потписот на најдобриот напаѓач во историјата на Манчестер сити.
Евертон исто така сакаат да го убедат Агуеро да помогне во градењето на силен тим под Карло Анчелоти, откако тој успеа да го убеди и Хамес Родригез да дојде од Реал Мадрид во Премиер лигата.