Почина оскаровката Олимпија Дукакис

пред 4 години

Американската актерка Олимпија Дукакис, која доби Оскар во 1987 година за споредна улога во филмот „Маѓепсана од Месечината“, почина на 89-годишна возраст, објави нејзиното семејство.

Нејзиниот брат Аполо Дукакис напиша дека „по многу месеци влошено здравје, таа конечно е во мир со нејзиниот сопруг Луис“, објави Би-Би-Си.

„Мојата драга сестра Олимпија Дукакис почина утрово во Њујорк“, напиша тој на Фејсбук.

Дукакис има богата кариера во театарот, како актерка и како режисер.

Во нејзините 50-ти години, таа глумеше во голем број популарни комедии, вклучувајќи го и филмот добитник на Оскар.

 

Share
Scroll to Top