Фудбалерите на Атлетико Мадрид, Јан Облак и Стефан Савиќ се во средиште на скандал откако на друштвените мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како се забавуваат без заштитни маски, а притоа пушат цигари.
Атлетико се лидери во Ла Лига, имаат тежок распоред до крајот на првенството и ваков скандал сигурно не им е потребен пред дербито со Барселона.
Има и такви кои веруваат дека голманот и дефанзивецот не ги прекршиле протоколите, а и сам Облак се огласи на социјалните мрежи со порака:
„Не верувајте на се што ќе видите“.
Фотографиите наводно биле направени пред пандемијата, па затоа фудбалерите се без маски на лицата, а се тврди дека се пуштени во јавност за да се дестабилизира клубот пред најважните битки сезонава.
Профилот од кој се пуштени фотките во меѓувреме е избришан.