Samsung Galaxy Buds Pro безжичните слушалки прилично се популарни насекдаде во светот и тоа од добри причини. Не е необично за јужнокорејската компанија да ги искористи своите најуспешни производи, така што неодамнешното лансирање на Galaxy Buds Pro Adidas Originals Special Pack не беше големо изненадување.
Но, Adidas не е единствениот голем бренд кој потпиша партнерство со Samsung за лансирање на посебно издание на Galaxy Buds Pro слушалките. Јужнокорејскиот гигант го најави претстојното издание на Galaxy Buds Pro LANEIGE Neo Cushion.
LANEIGE е познат бренд на козметика во Јужна Кореја и нивниот коректор Neo Cushion за жени е во ренд во земјата, па оттаму и новото посебно издание на Galaxy Buds Pro. Според Samsung, Galaxy Buds Pro LANEIGE Neo Cushion се наменети за жени во Јужна Кореја, па немојте да очекувате дека ќе се најдат и во другите земји.ж
Што се однесува до достапноста и цената, слушалките ќе бидат во претпродажба на 11. мај по цена од 175 долари, а на полиците во Јужна Кореја треба да се појават следниот ден. Ќе бидат достапни во Phantom Violet боја и само ограничен број на примероци ќе бидат пуштени на пазарот.