Хрватскиот играч од средниот ред, Лука Модриќ влегува во години кога мора да мисли на „фудбалска пензија“, а Реал Мадрид мора да размислува за негова замена. Така барем мисли претседателот на Кралскиот клуб, Флорентино Перез.
Првиот човек на мадридскиот клуб се чини го одбрал наследникот на хрватскиот репрезентативец – се работи за играчот на Интер, Николо Барела.
„Нероазурите“ минатото лето на Калјари му платија 27,7 милиони евра за овој „везњак“. Оттогаш се чини го оправда секое евро вложено во него.
Стандарден е во Интер, но и во италијанската фудбалска репрезентација.
Шпански „Diariogol“ споменува цифра од 70 милиони евра што Реал е подготвен да ја плати за Италијанецот.
Барела сезонава за тимот од „Меаца“ одигра 43 меча, постигна 3 гола, а запиша и 11 асистенции.