Брендот на Xiaomi, Redmi минатата седмица го претстави својот нов смартфон K40 Gaming наменет за гејмерите, а побарувачката е навистина голема.
За само една минута од почетокот на продажбата, Redmi продаде 100.000 примероци од K40 Gaming уредот. Оваа продажба ги подразбира уредите со сите пет комбинации на меморија, од најевтината со 5GB RAM и 128GB простор за складирање, па до најскапата со 12 GB RAM и 256GB интерна меморија. Цената се движи помеѓу 310 и 420 долари зависно од моделот.
Уредот го покренува Dimensity 1200 процесор, а доаѓа со 6,67-инчен OLED екран со резолуција од 2400×1080 пиксели, фреквенција на освежување од 120Hz и формат 20:9. Екранот е заштитен со Gorilla Glass 5 стакло. Одзади се наоѓа широка камера од 64MP, ултраширока од 8 и макро камера од 2MP, а тука е и Dual-LED блицот. Однапред е сместена селфи камерата од 16 мегапиксели. Смартфонот доби и стерео звучници развиени во соработка со JBL, како и pop-up копчиња корисни за гејмерите и различни решенија за подобро ладење.
Сензорот за отпечатоци од прсти е сместен странично, а влез за слушалки нема. Уредот го напојува батерија од 5.065 mAh, која поддржува 67W брзо полнење и која во целост се полни за 42 минути.