Марез на двајца им „протна“ топка низ нозе – сега ПСЖ мора да даде најмалку два гола

Марез на двајца им „протна“ топка низ нозе – сега ПСЖ мора да даде најмалку два гола

пред 3 години

Манчестер сити се на чекор до пласман во финалето на Лигата на шампионите, откако успеаја да стигнат до 1:0 водство над Пари Сен-Жермен по само 10 минути игра, по една фантастична акција и уште поубав гол на Ријад Марез.

Со овој резултат, Сити заедно со победата од 2:1 во Париз има 3:1 водство, што значи дека на Парижани им требаат барем два гола за да примораат продолженија.

На необичен терен со снег во мај, ПСЖ прво бараа пенал по играњето со рамо на Олександер Зинченко, но судијата не го дозволи тоа, по што во една брза акција на „граѓаните“, Марез успеа да им протне на двајца фудбалери топка низ нозе за водство.

Share
Scroll to Top