Огромна карпа би го погодила подрачјето кое што го опфаќаат Чешка, Германија, Австрија, Словенија и Хрватска.
Американските и европските научници тврдат дека ниту атомска бомба не би можела да го запре огромниот астероид, доколку би се нашол на патот кон планетата Земја.
Во симулираната вежба учествувале истражувачи од NASA, а целта била да се запре катастрофа која што би го снашла Стариот континент.
Во текот на четири дена (од 26 до 29 април), астрономите користеле радарски системи и друга технологија, вклучувајќи го и најголемиот телескоп на светот.
Вежбата со име „Space Mission Options for the Hypothetical Asteroid Impact Scenario“ подразбирала „откритие“ на разорна карпа (на 4 април) која што би удрила во планетата Земја за седум месеци (на 20 октомври).
Научниците утврдиле дека споменатиот период не е доволен за во вселената да се испрати ракета, како во филмскиот хит „Armagedon“ и да се запре таа закана, пренесува „Daily Mail“.
Според замисленото сценарио, астероидот би погодил подрачје кое што го опфаќаат Чешка, Германија, Австрија, Словенија и Хрватска.
Истражувачите заклучиле дека светот мора повеќе да вложува во системите за следење и откривање на астероидите поради тоа што така би имале повеќе време стручните тимови да се подготват и да го спречат најлошото сценарио.