Нови парламентарни избори ќе се одржат во Бугарија на 11 јули, откако не успеа третиот и последен обид за формирање влада по изборите на 4 април, објави денеска претседателот Румен Радев.
Тој рече дека очекува назначувањето на нова изборна комисија да заврши до 11 мај, кога тој ќе распише избори, ќе го распушти парламентот и ќе назначи преодна влада, пренесува „Ројтерс“.
По партијата на десниот центар ГЕРБ на премиерот во заминување Бојко Борисов, како и новата партија ИТН предводена од ТВ-презентерот и пејач Слави Трифонов, кои одбија да формираат влада, мандатот го вратија и социјалистите, така што новите избори се единствениот начин надвор од политичкиот ќор-сокак.