Жена од Мали родила девет бебиња, две повеќе отколку што откриле лекарите за време на ултразвучниот преглед.
Халима Кисе (25) е родена во Мароко, каде што била префрлена од Владата на Мали со цел да добие посоодветна здравствена заштита.
Пет девојчиња и четири момчиња се родени со царски рез и нивната здравствена состојба е добра, објави министерот за здравство на Мали, а пренесува Би-Би-Си.
Тој им честиташе на здравствените тимови во двете земји за „среќниот исход“.