Вилијам Фуентес од Флорида тврди дека снимил два необични објекти на подрачјето на Палм Коуст на Флорида. Тој тврди дека двата светлечки објекта кои ги снимил, летале со неверојатна брзина. Вели дека исчезнале од небото, откако почнал да снима.
Бројот на пријави за наводни НЛО во САД, пораснал минатата година. Според официјалните податоци за 2020 година, имало повеќе од 7200 пријавени чудни појави на небото, за кое се верувало дека се НЛО.
WHAT IS THAT? William Fuentes sent FOX 35 video of what looks like two orbs of light flying across the sky at his Palm Coast home. Any guesses?
STORY: https://t.co/43lRktQirX pic.twitter.com/QGXcm7t7yU
— FOX 35 Orlando (@fox35orlando) May 1, 2021
Многумина исто како и Вилијам се убедени дека е во прашање НЛО, откако ја погледнале снимката на социјалните мрежи.
Видеото е објавено неколку дена откако поранешно официјално лице од Пентагон, Луиз Елизондо, изјавил дека американската влада не сака јавноста да знае за било какво НЛО.
За потсетување, американското Министерство за одбрана, пред две недели потврди дека снимките и фотографиите кои неодамна се појавија во јавноста и на сајтовите кои ги следат неидентификуваните летечки објекти, се автентични и дека истите биле забележани од страна на екипажот на бродот „Расел“, на брегот на Сан Диего во јули 2019 година.