(Фото) Роналдо ќе потпише за ПСЖ, велат фановите откако ја виделе Георгина со приватен авион како лета за Париз

(Фото) Роналдо ќе потпише за ПСЖ, велат фановите откако ја виделе Георгина со приватен авион како лета за Париз

пред 3 години

Георгина Родригез минатата недела со приватен авион заминала за Париз, нешто што ги натерало фановите да заклучат дека нејзиниот познат партнер, фудбалерот Кристијано Роналдо, ќе направи голем трансфер во францускиот клуб ПСЖ.

Репортерите тврдат дека Роналдо е подготвен да го напушти Јувентус, доколку тимот не успее да обезбеди пласман во Лига на шампиони. „Старата дама“ веќе ја загуби титулата во Серија А, која ја освои Интер.

Доколку не успеат да обезбедат пласман во Европа, на раководството на Јуве ќе им биде тешко да ги исполнат неговите услови и плата од 1 милион фунти неделно.

Португалската ѕвезда веќе одамна размислува за преселба во Пари Сен Жермен, во тимот на Маурисио Покетино, каде планира да ја заврши фудбалската кариера.

Неговата партнерка Георгина, уште повеќе ги засили шпекулациите за неговиот трансфер, откако објави фотографии на „Инстаграм“, на кои се гледа како се качува на приватен авион на пат кон француската престолнина.

Таа објави слика со коментар „Бонжур Париз“. И нејзините приврзаници побрзаа со коментарите дека тоа е знак дека Роналдо наскоро би можел да им се приклучи на Нејмар и Килијан Мбапе во ПСЖ.

 

 

Share
Scroll to Top