На територијата на град Скопје изречени се вкупно 195 казни, меѓу кои за возење без возачка дозвола 25 санкции, 19 за возење над дозволената брзина, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени биле 15 санкции за користење мобилен телефон, осум за некористење сигурносен појас, седум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли и 57 за непрописно паркирани возила.
Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила со цел поголема безбедност во сообраќајот.