Руската сензација Аслан Карацев не успеа да се пласира во четврт-финалето на Мастерсот во Мадрид. За разлика од Карацев, место меѓу најдобрите осум на овој Мастерс, избори Доминик Тим.
Карацев, кој пред две недели во Белград, го победи Новак Ѓоковиќ, а потоа беше проазен во финалето од Матео Беретини, во осмина-финалето испадна од Алкесандар Бублик.
Бублик неочекувано лесно победи до 6/4, 6/3. Во наредната рунда тој ќе игра со победникот од мечот помеѓи Каспер Руд и Стефанос Циципас.
Доминик Тим, по голема борба, успеа да го победи алекс Де Минор. Австриецот против Де Минор на теренот мина еден час и 53 минути, победи со 7/6, 6/4.
Негов противник во четврт-финалето ќе биде победникот од мечот помеѓу Андреј Рубов и Џон Изнер.