Поранешен МВП во АБА лигата ќе се степаше со помошник тренерот

Поранешен МВП во АБА лигата ќе се степаше со помошник тренерот

пред 4 години

Поранешниот кошаркар на српска Мега и подгоричка Будуќност, Грузиецот Гога Битадзе кој сега го носи дресот на Индијана Пејсерс во НБА лигата имаше судир со помошник тренерот Грег Фостер кој му забележа на лошата игра во одбраната на синоќешниот меч против Сакраменто.

Грузискиот центар не беше задоволен поради коментарот, па во следниот напад постигна тројка и му порача на Фостер: „Седи доле“.

Фостер во тој момент полуде, па на тајм-аутот тргна кон Битадзе за да се пресметаат – најверојатно вербално.
Играчите и останатите долу на паркетот спречија поголе инцидент и скандал.

Еве како изгледаше целата ситуација:


За потсетување, Битадзе со Будуќност во сезоната 2018/2019 беше прогласен за МВП на АБА лигата.

Истата година Индијана го избра на драфтот како 18. пик во првата рунда.

Share
Scroll to Top