Надал сигурно чекори кон нова титула на Мастерсот во Мадрид

Надал сигурно чекори кон нова титула на Мастерсот во Мадрид

пред 3 години

Вториот светски тенисер во моментов, Шпанецот Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето на Мастерс тенискиот турнир во Мадрид. Тој денеска со 2-0, по сетови 6-3 и 6-3 славеше против 76-тиот тенисер на АТП листата, Алексеј Попирин од Австралија.

Надал до победата дојде лесно и убедливо за 80 минути игра.

Во првиот сет предноста на Шпанецот лесно стигна до 4-1 откако Надал одзема два поена на сервис на противникот. Иако до крајот на сетот и шпанскиот ас еднаш беше неуспешен на својот сервис, сепак со третиот брејк стигна до предност од 1-0 во сетови.

Во вториот сет на Надал му беше доволен само еден брејк, во вториот гем за конечни 6-3 и во овој дел од мечот.

Противник на шпанскиот тенисер во четвртфиналето во Мадрид ќе биде подобриот од дуелот Александер Зверев – Даниел Еванс кој започнува во 19 часот.

Во останатите денешни мечеви Карацев загуби од Бублик со 0-2, Тим со истиот резултат беше подобар од Де Минаур.

Гарин изненадувачки со 2-1 беше подобар од Медведев, додека ветеранот Џон Иснер со истиот резултат го совлада Русинот Рубљов.

Share
Scroll to Top