Таткото на Гвардиола: Нема шанси мојот син да биде селектор на Шпанија

Таткото на Гвардиола: Нема шанси мојот син да биде селектор на Шпанија

пред 3 години

Валенти Гвардиола, таткото на менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, вели дека нема шанси тој да стане шпански селектор во иднина поради поврзаноста со каталонската кауза, но не би отфрлил враќање во Барселона.

„Јас би сакал Јосеп да си дојде дома во Барселона, но не знам кога ќе се случи тоа. Тој има 50 години и не можам да му кажувам што да прави, но сигурно ќе ви кажам никогаш нема да стане селектор на Шпанија. Може да се врати во Барселона како тренер или како советник, но се сомневам дека ќе сака да работи со репрезентацијата“, вели Валенти.

Гвардиола и целото негово семејство беше вклучено во проектот за независност на Каталонија од Шпанија, за што доби голем број критики од своите поранешни соиграчи од шпанската репрезентација.

Share
Scroll to Top