Хрватска ќе донира 50.000 дози вакцини за земјите во регионот, и тоа 30.000 за Босна и Херцеговина и по десет илјади за Црна Гора и Косово, одлучи Владата.
Иако во одлуката не е наведено кои вакцини треба да се донираат, „Јутарњи лист“ од извор во Хрватскиот завод за јавно здравје дознава дека станува збор за вакцината на „Астразенека“, од која во моментов има најмногу во магацините на ХЗЈЗ.
Според последните податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, Хрватска во моментов има скоро 450.000 неискористени дози, а нешто повеќе од 200.000 се вакцини на „Астразенека“.
Досега во Хрватска пристигнаа вкупно 1,37 милиони дози вакцини од сите производители, од кои повеќе од половина (726.570) се од „Фајзер“.