Археолози ја открија најстарата гробница во Африка, стара околу 80.000 години

Археолози ја открија најстарата гробница во Африка, стара околу 80.000 години

пред 4 години

Во пештерата Панга ја Саиди во југоисточна Кенија археолозите открија гробница стара 80,000 бгодини, за која се верува дека е најстарата на африканскиот континент.

Според истражувањето објавено во списанието „Природа“, остатоците припаѓаат на тригодишно дете. Археолозите велат дека некои од остатоците биле откриени во 2013 година и дека биле потребни повеќе од четири години за да се ископаат без да се оштетат. По анализата било заклучено дека коските му припаѓаат на дете. Резултатите од истражувањето се објавени пред неколку дена.

„Ова е најстариот човечки гроб пронајден во Африка“, вели Мајкл Петраja, професор на Институтот за човечка историја „Макс Планк“.

Претходно археолозите пронајдоа гробница стара 74.000 години во теренско истражување спроведено во различни делови на континентот.

Share
Scroll to Top