Подбрендот на Huawei, Honor ги најави своите нови лаптопи MagicBook X 14 и X 15 моделите во Кина, со Intel Core i3 / i5 процесорите од десеттата генерација, 14-инчниот FHD екран со елегантни рамки од 4,8 мм, дебелина од 15,9 мм и лесно куќиште од 1,38 кг за MagicBook X 14, a MagicBook X 15 има 5,3 мм ширина на рамки, 16,9 мм дебелина и 1,56 кг тежина.
Доаѓа со вентилатор и топлотна цевка за подобрени перформанси на одведување на топлината, дизајн од метал и pop-up веб-камера. Покрај тоа, копчето за вклучување доаѓа со отпечаток од прст, што овозможува моментен, безбеден пристап заради посигурно и поедноставно пријавување на системот.
HONOR MagicBook X 14 / X 15 спецификации:
- 14-inch / 15-inch 1920 x 1080 pixels) 16:9 дисплеј, TÜV Rheinland Certified
- 2.1 GHz (up to 4.1GHz) Core i3-10110U dual-core / 1.6GHz (up to 4.2GHz) Core i5-10210U quad-core процесор со Intel UHD графика
- 8GB / 16GB 2666MHz DDR4 dual-channel RAM, 256GB / 512GB SSD
- Windows 10 Home
- 3.5mm audio jack, Fingerprint power button
- Pop-up веб-камера
- Magic-Link 2.0
- Wi-Fi 802.11 ac (dual-band), Bluetooth 5.0, USB Type- C x 1 (Supports charging and data transfer), HDMI x 1, USB3.0 (Type A) x 1, USB2.0 (Type A) x 1
- X 14 Димензии: 409 x 283 x 72 мм; Тежина: 1.38kg
- X 15 Димензии: 475 x 283 x 72 мм; Тежина: 1.56 кг
- MagicBook X 14 – 56Wh батерија со до 13.2h видео репродукција
- MagicBook X 15 – 42Wh батерија со до 7 часа видео репродукција
Цени:
- HONOR MagicBook X 14 Core i3/8GB/256GB – 464 долари
- HONOR MagicBook X 14 Core i5/16GB/512GB – 619 долари
- HONOR MagicBook X 15 Core i3/8GB/256GB – 480 долари
- HONOR MagicBook X 15 Core i5/8GB/512GB – 557 долари
Сите модели се сега достапни за нарачување, а продажбата во Кина почнува од 12. мај.