(Видео) Мицкоски: Граѓаните на истокот живеат мачно

пред 4 години

Граѓаните на истокот живеат мачно, градоначалниците на СДСМ се гушат во криминал, ВМРО-ДПМНЕ на локалните ќе излезе со вистински решенија за што е можно повеќе инвестиции, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој денеска е во посета на Малешевијата и Пијанец, во Делчево, Берово и Пехчево.

„Она коешто денеска го видов на пазарот и она коешто успеав да го расприкажам со пазарџиите е тешкиот и мачен живот, маката којашто натежнала, слабиот промет, се помалку купувачи, бидејќи народот од овој крај се иселува масовно. Сретнав неколкумина кои што ми кажаа дека денеска или утре ќе ги полнат автобусите и заминуваат во Италија, Германија. Навистина тешка слика и далеку од она кое што беше говорено за време на предизборието од страна на СДСМ и Зоран Заев, но и од страна на градоначалниците кои овде во истокот пустошат и се гушат во криминал и корупција. Така да една лоша слика“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ на следните избори ќе излезе со јасен план и јасна стратегија како да го врати вистински животот во истокот на Македонија, да успее што повеќе нашинци да ги одврати од желбата да ги напуштат родните домови, затоа што каменот тежи тука, како што кажа еден соговорник на пазарот.

„Да инвестираме што е можно повеќе, да отвориме што е можно повеќе добро платени работни места, младите да останат тука затоа што тие се богатството на Македонија и богатството на истокот. Така што учиме заедно со граѓаните и разговараме, а врз основа на тоа што го учиме сакаме и да создадеме програма која нашите градоначалници во следниот четиригодишен мандат после победата на локалните избори ќе го исполнат и ќе покажат дека можело поинаку и дека не се сите исти“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top