Макс Ферстапен мораше да се задоволи со второто место на Шпанското ГП на Каталуња, откако храброто претекнување на Луис Хамилтон на првата кривина не беше доволно да се победи моќниот Мерцедес, кој исто така имаше и супериорна стратегија.
По трката, тој призна дека Ред бул мораат да завршат подобра работа и да му дадат побрз болид, и во исто време „удри“ по својот колега Серхио Перез, велејќи дека се чувствува како да се бори сам со Мерцедес.
„Стартот беше добар и според планот. Секако, тој што последен ќе закочи, ќе излезе прв од кривината. Знаев дека морам да се обидам тогаш, бидејќи подоцна ќе беше невозможно. Направив се што е можно да останам напред, но денеска едноставно бевме спори. Исто така како да сум сам во оваа битка. Тие можат лесно да влезат во боксот бидејќи има простор зад нив, тоа не помага“, вели Ферстапен.
Запрашан дали Мексиканецот Перез треба да се потруди повеќе по разочарувачкиот старт на сезоната, тој е јасен.
„Да имаме два болиди во битка со Мерцедес, тогаш тие нема да можат да го направат толку лесно тоа второ влегување во боксот, и тогаш ќе видиме кој најдобро ќе ги искористи гумите до крајот. Мислам дека би било така. Но, прво ни недостасува брзина“, признава Холанѓанецот.