Скандал во француската армија: Пилот врзан за мета а неговите колеги пукале околу него

пред 4 години

Француски пилот поднесе тужба против своите колеги за насилство и загрозување на неговиот живот.

Како дел од ритуал, неговите колеги го врзале за мета и пукале околу него со борбени авиони.

Тужбата е поднесена оваа недела во Марсеј, а Си-Ен-Ен јавува дека сето тоа се случило на 27 март 2019 година во воздухопловната база Солензара на Корзика.

Базата се користеше во минатото како центар за обука на НАТО.

Во тужбата се наведува дека двајцата претпоставени имале саркастични коментари кон пилотот пред да го принудат да ја облече униформата за летање што може да се надува во итен случај, да ги крене рацете и да стои како „човечки часовник“.

После тоа, му ставиле качулка на главата од која не можел да види ништо потоа со селотејп му ги врзале колената, рацете и глуждовите. По неколку минути го врзале пилотот за метата.

Во тој момент тој сфатил дека се наоѓа на воениот полигон северно од базата. Додека бил врзан за целта, тој тврди дека слушнал пукање на борбени авиони и дека се траело околу 20 минути. Тој верува дека биле истрелите биле насочени кон него и дека паднале во негова близина.

Портпаролот на француските воздушни и вселенски сили Стефан Спет потврди дека снимката е автентична, но ги бранеше колегите. Тој тврди дека се создава погрешен впечаток дека борбените авиони ги насочиле истрелите кон пилотот, тој вели дека истрелите биле најблиску на еден километар од него, пренесуваат француските гласила.

Сепак, тој вели дека инцидентот е недопустлив и е спротивен на вредностите на француската армија и дека војниците биле строго санкционирани. Сепак, адвокатот на жртвата вели дека тие немаат никакви информации за тоа и дека тој би сакал да ги знае деталите. Меѓу другото вели дека ова покажува колку пилотите се недопирливи.

Верува дека една од причините е високата цена за обука на пилоти. Според извештајот од 2018 година, обуката на пилотите чини околу 400.000 евра.

Што се однесува до подоцнежното известување за инцидентот, адвокатот на пилотот вели дека му требало време да излезе во јавноста со тужбата, бидејќи бил во шок. Тој исто така наведува дека никогаш не добил поддршка од војската и покрај тоа што неколкупати го пријавил инцидентот.

Share
Scroll to Top