Мохамед Салах, ѕвездата на светскиот фудбал, повика на прекин на насилствата помеѓу израелската војска и палестинските милитанти. На својот профил на Твитер, фудбалерот на Ливерпул, го повика и британскиот премиер, Борис Џонсон, да го искористи своето влијание за да запрат крвопролевањата.
„Ги повикувам светските моќници, вклучувајќи го и премиерот на државата . која во последните четири години е мојот дом, да направат се што е во нивна моќ за да се запре насилството и да се спречи повеќе да нема невини жртви. Сега е доста“, напишал Салах на Твитер.
За оваа објава тој собра 250.000 лајкови.
I’m calling on all the world leaders including on the Prime Minister of the country that has been my home for the past 4 years to do everything in their power to make sure the violence and killing of innocent people stops immediately. Enough is enough. @BorisJohnson
— Mohamed Salah (@MoSalah) May 11, 2021
За потсетување, вчера ескалираше состојбата помеѓу Хамас и Израел, откако Хамас испука ракети врз Тел Авив, додека израелската војска возврати со напад врз Појасот Газа.