Османи-Сијарто: Солидарност и силна поддршка на Унагрија за Северна Македонија

пред 4 години

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во Скопје му беше домаќин на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто за време на неговата работна посета на земјава.

Целта на посетата, пред се беше во знакот на унгарската донација, која Сијарто лично му ја предаде на Османи.

„ Денешната унгарска донација од шест илјади дози од вакцината на „Астра зенека“ е наменета пред сѐ за припадниците на Граничната полиција во состав на министерството за внатрешни работи на Северна Македонија. Донацијата е израз на благодарност на Република Унгарија за успешната соработка и улогата која нашата гранична полиција ја има во одржувањето на заедничката европска безбедносна политика. Овој пред сѐ хуман гест претставува и признавање за придонесот на нашата држава во справување со миграциските и безбедносните предизвици, кои сѐ уште се актуелни и преставуваат отворено прашање за земјите членки и за цела Европа. Токму двете земји, преку својата соработка, даваат заеднички придонес кон стабилноста на целиот европски континент“, истакна Османи.

Во однос на евро-интегративниот пат на Северна Македонија, Османи и Сијарто разменија мислења за внатрешните политички процеси поврзани со реформската агенда, но и за состаноците во Брисел каде на различни нивоа во Европската унија беше разгледувано европското досие на нашата земја. Министрите се согласија дека Северна Македонија е кредибилен партнер на Европската унијата и притоа многу често извршува улога и учествува како составен дел на системот и механизмите на Унијата.Во тој контекст, операционализација на веќе донесената одлука за почеток на преговорите, би требало да биде следниот логичен и симболичен чекор за валоризација на постигнувањата на државата.

Министерот Сијарто, уште еднаш, го нагласи противењето на Унгарија за обременување на процесот на проширување на ЕУ со внесување на билатерални прашања како и дека ќе продолжат со својата конзистентна и гласна поддршка за наредниот чекор на Северна Македонија кон ЕУ.

Двајцата соговорници изразија задоволство од интензивирањето на билатералната соработка, беше постигната согласност за меѓусебно признавање на националните КОВИД-19 сертификати со цел овозможување на непречено транзитирање и влез на вакцинираните граѓани на двете земји, како важна мерка за нормализација на состојбите во една нова пост-пандемиска фаза. За време на посетата на Сијарто се потпиша и Договор за соработка во областа на културата заедно со министерката за култура, Ирена Стефоска.

Share
Scroll to Top