Нова платформа за соларна енергија го менува начинот на размислување за обновливата енергија и би можела да придонесе во процесот на напуштање на фосилните горива.
Соларната фарма наречена Демонстратор неодамна во Холандија се влечеше низводно низ река за да се симулира влијанието на водата и ветерот на отворено море, а рзултатите се одлични.
Иако идеални локации за платформата би биле градовите и островите околу екваторот каде што има помалку ветар, наредната верзија на Демонстратор ќе може да издржи и урагани кои се формираат околу Бермудите и Флорида.
Платформата е дизајнирана од компанијата SolarDuck и би можела да ги напојува градовите ширум екваторот каде сонцето е константно, а има слаб ветер, па неговото искористување е непрактично. Соларната енергија е далеку најевтина метода за производство на обновлива енергија во Сончевиот појас.
Следната верзија на платформата Демонстратор ќе биде 13 пати поголема од постоечката и треба да биде значително поиздржлива.
Извор: Klix.ba