Српскиот фудбалски напаѓач Душан Влаховиќ сезонава е хит во калчолигашот Фиорентина. Сето тоа ги привлече погледите на големите европски клубови, па клубот од Фиренца ја „крена“ цената на голгетерот.
Според пишувањата на „Газета дело Спорт“, Фиорентина за Влаховиќ ќе бара отштета од 80 милиони евра за предвремено раскинување на договорот.
21-годишниот напаѓач има договор со „виолетовите“ до јуни 2023 година, но прашање е дали клубот ќе успее да го задржи во своите редови.
Се споменуваа Рома, Милан и Интер како најзаинтересирани за Влаховиќ, но и неколку други екипи надвор од „Чизмата“.
Сезонава Србинот на 37 меча постигна 21 гол.