По објавувањето на веста дека Данијела Мартиновиќ (49) и Петар Грашо (45) раскинале по 24 години врска, словенечките медиуми почнаа да го поврзуваат со атрактивната винарка од Словенија, Соња Ерчуљ, пишуваат хрватските медиуми.
Соња е директор за маркетинг во една од водечките словенечки винарници „Пуклавец“, а словенечките медиуми објавија дека атрактивната русокоса и хрватскиот музичар биле заедно на вечера во Добрепоље.
Фотографијата, која сѐ уште е на фејсбук-профилот на Соња, ги подгреа ваквите шпекулации. Во меѓувреме, тие почнале и да соработуваат. Медиумите пишуваат дека Соња и Грашо биле заедно во близина на местото каде што таа живее и дека веќе подолго време се зборува дека, освен бизнисот, тие се и во љувов.
„Точно е дека деловно соработуваме, но не сме поврзани приватно. Ова е мало место и тука многу се зборува. Тоа е затоа што луѓето не разбираат што значи деловна соработка“, рекла Соња за словенечкиот „Журнал 24“.
Семејната винарница „Пуклавец“, каде што е вработена Соња, го произведува виното „грашо“, зад кое стои пејачот од Сплит, кој е чест гостин во Словенија.