Најпрвин турските, потоа англиските, а сега и португалските навивачи се незадоволни од одлуката на УЕФА, финалето во Лигата на шампиони да се одигра во Порто и тоа во присутво на навивачи.
Португалските навивачи се незадоволни од лицемерието на УЕФА и Фудбалската федерација на Португалија, публика да има за завршниот меч во Лигата на шампиони, а во исто време финалето во Купот на Португалија да се одигра пред празни трибини.
Финалето во португалскиот Куп помеѓу Брага и Бенфика ќе се одигра на 23.мај, додека финалето во ЛШ е на 29.мај.
За овој меч финалистите, Челси и Манчестер сити, ќе добијат помеѓу 4.500 и 6.000 влезници.