Најлош тип на жена според Диор

Најлош тип на жена според Диор

пред 4 години

Кристијан Диор беше еден од најпознатите модни дизајнери од минатиот век. И покрај изминатите децении, брендот Диор и понатаму е синоним за квалитет и добар вкус.

Диор ги сакал жените, но некои начисто го полудувале – и тоа во негативна смисла.

Еве неколку типови на жени кои тој ги сметал за недораснати:

Жени со валкана коса

Како и Коко Шанел, и тој сметал дека најлошо што една жена може да направи е да излезе од дома со валкана коса. Диор верувал дека жената не може да каже дека е негувана, ако си дозволи себеси да излезе во јавност со валкана коса.

Чистата коса е еден од најголемите адути на една дама.

Без женственост

Доколку жената не е женствена, тогаш не може да се смета за дама. Ако таа ја негира својата женственост и не ја нагласува, тогаш таа и не е жена, сметал Диор.

Според него, женственоста не се само чевли со потпетици и фустани, туку и однесувањето, манирите, комуникацијата со други луѓе.„

Без соодветна облека

Диор сметал дека правилната нега на телото бара и соодветна облека која одговара на нашето тело и карактер.

Негувана жена е онаа која носи облека која ѝ одговара на нејзината фигура, односно која умерено ја нагласува, изјавил тој во една прилика.

Неженствени чевли

„Вистинскиот доказ за елеганцијата на една дама се наоѓа на нејзините нозе“, изјавил еднаш Диор.

Тој сметал дека женските чевли се неопходен атрибут на женственоста. Негуваната жена не може да излезе од дома со чевли кои не се женствени. Кристијан Диор не поднесувал патики на женските нозе.

Share
Scroll to Top