Светската програма за храна на Обединетите нации (СФП) започна со обезбедување итна помош на повеќе од 50.000 луѓе во северна Газа.
„Една од најитните потреби во моментот е храната. Најбрзиот и најефикасниот начин на кој можеме да обезбедиме поддршка се парите во форма на е-ваучери“, сопшти СФП, пренесува „Ројтерс“.
Во моментов храната е достапна, а многу локални продавници сè уште се отворени, се вели во соопштението.
Но, СФП предупреди дека цените на храната може да се зголемат и достапноста може да се намали доколку премините кон Газа останат затворени на долг рок.