Полските тајни служби привеле осомничен обвинет за шпионирање за Русија

пред 4 години

Агенцијата за внатрешна безбедност на Полска  го привела полскиот државјанин Марцин К. под сомнение за шпионирање за руски тајни служби и предавање воени тајни, изјави портпаролот на министерството што ја координира активноста на полските тајни служби, Станислав Зарин, пренесува ТАСС.

„На 5 мај 2021 година, агентите на Службата за внатрешна безбедност приведоа 43-годишен маж под сомнение дека шпионирал. Според доказите собрани од ИСА, овој полски државјанин работел за руските специјални служби”, рече тој.

Истражителите тврдат дека осомничениот извршувал задачи кои му биле поставени, пред се да им пренесува на руските специјални служби информации и материјали од воената индустрија, како и информации за полски правни ентитети и полските граѓани.

Уапсениот, наводно, ги пруфатил обвиненијата,а судот му одредил три месеци притвор. Сите детали за случајот се тајни.

Share
Scroll to Top