Италијанските медиуми се преокупирани со одлуката на Кристијано Роналдо да ги „пресели“ своите луксузни автомобили од Торино, но според локалните медиуми причината не е можното заминување од Јувентус, туку редовен сервис во Германија пред летните месеци.
Видеото на кое супер-автомобилите на Роналдо се „товарат“ на камиони од компанијата „Родо Карго“, позната карго-компанија од Лисабон, според многумина беше доказ дека тој веќе решил дека ќе замине од Италија.
Меѓутоа според „Ла газета дело спорт“, ова е вообичаена процедура на Роналдо – тој вообичаено ги сели автомобилите пред летниот одмор, а тоа не можел да го направи лани поради пандемијата на КОВИД-19. „Кориере Торино“ пак тврди дека сите автомобили ќе одат во Германија на проверка и редовен сервис.