Австралискиот актер Расел Кроу (57) на „Твитер“ објави како го поминал времето по концертот на групата „Police“ во Ирска. После настапот во Даблин во 2007 година, пејачот на групата Стинг (69) го однел Расел во локалeн паб, кој во тој момент случајно бил домаќин на свингер настан.
Ѕвездата на „Гладијатор“ напиша дека по состанокот со Стинг, случајно се нашле во клубот, каде во тек била – свингерска вечер.
Расел Кроу во тоа време беше оженет со Даниел Спенсер, со која има два сина.
The one & only time I ever went to Croke Park was to see The Police in concert.
Flew in from London.
Sat on a road case on the side of stage. Brilliant.
Post gig, met up with Sting, for 1 pint, random pub.
Unbeknownst to any of us it was Swingers night.Poetry. https://t.co/bnKe5gtPIb
— Russell Crowe (@russellcrowe) May 14, 2021
Ова сеќавање на деталите од минатото доаѓа во пресрет на ангажманот на актерот во филмот, психолошкиот трилер – „Poker Face“.
Според „Сандеј телеграф“, станува збор за филм во режија на Гери Фледер, чие снимање ќе започне следниот месец во Австралија.
Од познатите актерски имиња, во филмот ќе се појави и ѕвездата Натали Портман.
„Poker Face“ е приказна за технолошкиот милијардер Џејк (кој го глуми Расел Кроу) кој ги собира пријателите од детството на неговиот имот во Мајами, што се претвора во покер со високи влогови.