Невкусно и неморално? Во Русија најава за ММА борба на фајтери со генетско пореметување

Невкусно и неморално? Во Русија најава за ММА борба на фајтери со генетско пореметување

пред 3 години

Дагестанецот Хазбула Магомедов и неговиот таџикистански ривал Абдурозик ќе ја имаат најчудната, но и најетички неприфатливата борба во историјата – двајцата имаат генетско поремтување на растот.

19-годишниот Магомедов, со прекар „Хазбик“ е вистинска ѕвезда во својот роден Дагестан, со над 120.000 следбеници на Инстаграм и честопати е во друштво со УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов. 17-годишниот Абдурозик, исто така е популарна Тик Ток сензација во неговата татковина со неговите рап-песни.

Најавата за дуелот поставува многу прашања – посебно бидејќи двајцата се предизвикуваат и се обидуваат да се пресметаат. Видеото има над 5.5 милиони прегледи.

Share
Scroll to Top