Полицискиот час останува на сила до 1-ви јуни, одлучи владата

пред 4 години

На денешната седница, на препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе заклучок, активните мерки за ограничување на движењето наместо до 18 мај, да продолжат со важност до 1 јуни 2021 година.

Забраната за движење на населението е од полноќ до 4:00 часот наутро, а угостителските објекти ќе работат до 23:30 часот.

Предлогот за олабавување на мерките, беше донесен минатиот понеделник како резулатат на новонастанатата  епидемиолошка состојба, односно произлезе од намалениот број на новозаразени  со коронавирус и ослободувањето и затворањето  на поголем дел од болничките капацитети за Ковид-19.

Share
Scroll to Top