Захави го фотошопираше израелското знаме кај Погба, па објасни зошто

Захави го фотошопираше израелското знаме кај Погба, па објасни зошто

пред 3 години

Израелскиот фудбалер Еран Захави сподели фотошопирана фотографија на ѕвездата на Манчестер јунајтед Пол Погба со израелското знаме, откако по вчерашниот меч со Фулам, Погба заедно со Амад Диало се појавија со палестинско знаме кое го доби од трибините.

Наместо споделување на оригиналната фотографија, Захави го постави израелското знаме на Инстаграм и порача: „Благодарам момци за поддршката од целиот свет“.

По ова, фудбалерот на ПСВ Ајндховен, реши да го објасни потегот.

„Сега, откако го имам вашето внимание, време е да се објасни вистинската ситуација. Ниту еден од вас не ги знае корените на конфликтот, а многу од вас не знаат каде се ниту Газа, ниту Ерусалим на мапата, и затоа подобро вашите социјални мрежи да ги користите за повици за мир од двете страни. Така ќе биде поедноставно“, вели 33-годишниот Захави, кој има 66 настапи и 25 гола за израелската репрезентација.

Share
Scroll to Top