Бобан Милошевски кажа дека од крај на јули Авалон се враќаат концертите во Македонија во јули, а 2022 ќе биде, како вели историски најјака со големи светски концерти.
„Одамна не сум напишал ништо. Одамна не ми дошло да напишам ништо. Впрочем, за да преживее човек во вакво мртво време, треба да е умртвен. И така, си седиме јас и Миа во еден локал и си јадеме. Почнува песнава. И, во секунда почнувам да чувствувам комбинација на разни чувства. Првото е носталгија… јеби га, некако почетоков е сетен. Па желба да сум на концерт. Па нервоза, зошто одамна не сум бил на концерт. Па гордост зошто Авалон го донесе ова да свири live во Скопје”, напиша тој, па откри кога можеме да го очекуваме следниот концерт.
„И на крај, желба да ви кажам од крај на јули Авалон ги враќа концертите во Македонија. А, 2022-ра ќе биде историски најјака со големи светски концерти. Затоа што- јебеш живот без музика и концерти”, вели Бобан.