Стадионот на Тотенхем во Лондон е број 1 во светот, според анализата на Бренд фајнанс. На второто место е уште еден стадион кој се наоѓа во англиската престолнина, Вембли, а на третото место е Ноу Кам во Барселона. Меѓу најдобрите 40 стадиони нема ниту еден од регионот на поранешна Југославија.
Бренд фајнанс ги оценувал стадионите според неколку критериуми: интересот на навивачите, приходите на денот на натпреварите, комерцијалните активности и преноси и влијанието на публиката, ефект наречен „12 играч“.
Во Топ 10 се уште и Мерцедес-Бенц стадионот во Атланта, Принципалити во Кардиф, Сантијаго Бернабеу во Мадрид, Велтинс арена во Гелзенкирхен, Месталја во Валенсија, Алијанц арена во Минхен и Енфилд во Ливерпул.
На листата на 40 најдобри доминираат европските стадиони, на оваа листа се речиси сите стадиони на клубовите од англиската Премиер лига.