(Галерија) Романтика покрај базен со фолк пејачката: Дечкото на Цеца славеше роденден

(Галерија) Романтика покрај базен со фолк пејачката: Дечкото на Цеца славеше роденден

пред 4 години

Бизнисменот Богдан Срејовиќ, дечкото на фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ наполни 38 години. Според српските медиуми, тој роденденот го прославил со Цеца со романтична вечер покрај базен на која биле само тие двајца. Следниот ден, Богдан организирал мала забава за неколку блиски пријатели во познат ресторан во Белград, на која биле и Анастасија, ќерката на Цеца, и сопругата на Вељко, Богдана.

„Поради пандемијата, Богдан не сакаше да прави голема забава, туку ги собра само најблиските. Тој веќе го прослави роденденот со Цеца, на базен, во романтична атмосфера, по што го поминаа целиот ден заедно. Пред да пристигнат гостите, тие уживаа на ручек сами и се посветија еден на друг, а потоа следуваше интимна прослава истата вечер“, изјавил извор близок до Богдан за српските медиуми.

Тој имал три роденденски торти, а како што пишуваат медиумите, додека ги дувал свеќите на тортата, покрај него биле Цеца и неговата ќерка Искра, која ја има од првиот брак.

За потсетување, двојката е во врска неколку месеци, а Цеца го запознала Богдан со семејството за Нова година.

Share
Scroll to Top