Барселона без Меси на Ипуруа во Еибар

Барселона без Меси на Ипуруа во Еибар

пред 3 години

Лионел Меси, нема да биде во составот на Барселона против Еибар во последното коло во Ла Лига, соопшти клубот од Ноу Камп.

Во соопштението се наведува дека Аргентинецот добил дозвола да го пропушти денешниот тренинг и дека нема да игра на Ипуруа, против Еибар.

„На овој начин, аргентинскиот фудбалер може да има кратка пауза пред обврските во репрезентацијата и Копа Америка. Сезонава, Меси е еден од фудбалерите со најмногу одиграни минути“, стои во соопштението.

Меси оваа сезона за Барселона одиграл 47 натпревари, на кои постигнал 38 голови.

Сега се наметнува дали дуелот со Селта, одигран во неделата, бил последен за Меси во дресот на Барселона. Неговиот договор со клубот истекува на 30.јуни, а тој се уште не објавил дали ќе остане во Барселона.

Share
Scroll to Top