Huawei го претстави MateBook 16 лаптопот, кој се одликува со исклучителна рамнотежа помеѓу моќноста и преносливоста. Станува збор за 16-инчен лаптоп, кој го краси најновата AMD H серија, како и речиси комплетно метално куќиште со тежина под два килограми.
Една од главните карактеристики на лаптопот е 16-инчниот дисплеј, со 3:2 однос на страните и резолуција од 2520 x 1680p. IPS панелот нуди 300 нита осветлување, HDR поддршка (8 bit + FRC), 100% sRGB покриеност на бои, 1500:1 контраст и друго.
Лаптопот е опремен со AMD Ryzen 5000 APU, а станува збор за моделите Ryzen 5 5600H и Ryzen 7 5800H. Со двата процесори стигнуваат и 16 GB RAM, 512 GB NVMe SSD и батерија од 84Wh. Процесорите се ладат со два вентилатори, а системот се состои од две спроводливи топлински цевки од 2мм, кои се поврзани со топлинскиот спроводник преку дизајн на перка и два вентилатори од 75мм.
Huawei MateBook 16 има димензии 351 x 254,9 x 17,88 мм и тежина од 1,99 кг. Не постои доделен GPU, но интегрираниот Vega GPU би требало да биде доволен за поголем дел од задачите. Опциите на конектори вклучуваат два USB-C порта, два USB-A 3.2 Gen1 портови, HDMI приклучок и 3.5 мм аудио влез.
Полнењето се врши преку USB-C портови, а Huawei го опреми со 135W полнач.Тука е и поддршката за Huawei SuperCharge технологијата. Батеријата од 84WHr овозможува репродукција од 1080p+ видеа во текот на 12 и пол часа без престанок.
Huawei MateBook 16 е достапен во Кина, а засега нема информации за достапноста и цените за глобалните пазари.