Бенземанија во Франција – продажбата на дресови скокна 2.400 отсто!

Бенземанија во Франција – продажбата на дресови скокна 2.400 отсто!

пред 4 години

Во една од најголемите фудбалски вести минатата недела, Карим Бензема неочекувано доби враќање во француската репрезентација пред Европското првенство, и ова донесе неверојатен домино-ефект – продажбата на дресовите на Франција се зголеми 2.400 отсто по одлуката на селекторот Дидие Дешам.

Напаѓачот на Реал Мадрид за време на петгодишниот „егзил“ од репрезентацијата, според шпекулациите се обиде да заигра за Алжир, татковината на неговите родители, но на крајот работите си дојдоа на своето место и тој изјави дека „е горд што ќе го носи францускиот дрес“.

Според „Униспорт дата“, продажбата на француските дресови скокна фантастични 2.400 отсто по камбекот на Бензема, и може да ја направи Франција најпрофитабилната репрезентација која има договор со „Најк“.

Share
Scroll to Top