Мијатовиќ за Азар: Мајко моја…Заборава дека Реал му дава плата

Мијатовиќ за Азар: Мајко моја…Заборава дека Реал му дава плата

пред 3 години

Поранешниот фудбалер и спортски директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, во емисијата „Ел Лархуеро“ на радиото Кадена СЕР, го коментирал финишот на сезоната во Ла Лига, можното заминување на Зинедин Зидан и ситуацијата во која се наоѓа Еден Азар.

„Мајко моја…Вознемирувачки е што нема да игра во натпреварот која ја решава сезоната. Тој и понатаму мисли дека ЕУРО со Белгија е поважно од Ла Лига. Заборава дека плата зема во Реал Мадрид“, рекол Мијатовиќ.

Азар, повторно е повреден и нема да игра во последното коло против Виљареал.

„Зидан одлично работи, кој и да дојде на неговото место ќе има тешка задача. Јас би сакал да остане и да го гледаме и наредната сезона на клупата на Реал“, рекол Мијатовиќ и дополнил.

„Не мислев дека Реал ќе бидат толку добри во финишот на сезоната. Мадридистите можат да бидат среќни, во секој случај ова е добра сезона за Реал“.

Share
Scroll to Top