Славниот филипински боксер, Мани Пакјао, по пауза од две години повторно ќе влезе во рингот. Филипинецот, на 24.август, во Лас Вегас, ќе се бори за титулите во верзиите на ВБЦ и ИБФ, во велтер категорија, против Ерол Спенс.
Последната борба Пакјао ја имаше во јули 2019 година, кога против Кејт Турман ја освои титулата во полутешка категорија, во ВБА верзијата. Сепак, бидејќи не ја бранеше титулата, во јануари 2020 година, ВБА му го одзеде шампионскиот појас.
42-годишниот Пакјао бил светски првак во осум различни категории, од мува до супе-велтер). Во кариерата победил во 62 борби, седум пати бил поразен, а два пати неговите борби завршувале без победник.