Ново понижување за Пјаниќ – Ќе биде резерва во неважен натпревар за Барса

Ново понижување за Пјаниќ – Ќе биде резерва во неважен натпревар за Барса

пред 3 години

Фудбалерите на Барселона, против Еибар, ќе стават точка на оваа сезона. Дуелот на „Ипуруа“, нема никаква важност за тимовите, Еибар испадна од лигата, а Барселона нема шанси да ја освои шампионската титула.

Барселона со комбиниран, но доволно силен тим ќе настапи во Еибар. Тренерот Роналд Куман на одмор ги испрати Лионел Меси и Педри, фудбалери кои сезонава сопраа најмногу минути на теренот.

Она што е забележливо и во ситуација кога натпреварот ништо не и значи на Барса, во составот нема да биде Миралем Пјаниќ.

На шпанските медиуми не им е јасно зошто Куман има татков однос кон Пјаниќ. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина последен пат бил на теренот во февруари. Иако не е повреден, оттогаш не добил шанса од својот тренер.

Пјаниќ, минатото лето пристигна од Јувентус во замена за Артур. Беше најавен како големо засилување, но очигледно е дека не се вклопил во тренерската филозофија на Куман.

Можниот состав на Барселона. Нето – Умтити, Араухо, Пике, Дест, Жорди Алба, Бускетс, Пике, Мориба – Дембеле, Гризман.

Share
Scroll to Top