Мурињо е заинтересиран за Матиќ, но не сакал да биде измамен од Јунајтед

Мурињо е заинтересиран за Матиќ, но не сакал да биде измамен од Јунајтед

пред 3 години

Жозе Мурињо од наредната сезона ќе ја предводи Рома. Португалецот, по една деценија се враќа во Италија, каде со Интер ја освои тројната круна. Мурињо, доаѓа на местото на Паоло Фонсека.

Според италијанските медиуми, Мурињо, веќе започнал да ја составува листата на потенцијални засилувања, а на врвот е Немања Матиќ.

Мурињо и Матиќ имаа успешна соработка во претходните клубови Челси и Манчестер јунајтед.

„Кориере дело Спорт“, пишува дека Мурињо го означил Матиќ како приоритетно засилување, но стравувал дека Јунајтед ќе бараат премногу пари за него, бидејќи со договорот го обврзува да остане на „Олд Трафорд“ и во наредните две сезони.

Наводно, Рома, за Матиќ биле подготвени да платат не повеќе од 10 милиони евра.

Share
Scroll to Top