УФЦ: Еспарза со крвава победа, Фонт го здроби Гарбранд

УФЦ: Еспарза со крвава победа, Фонт го здроби Гарбранд

пред 4 години

Поранешната УФЦ шампионка, Карла Еспарза ги зголеми шансите за меч за титула во перо категорија, откако на УФЦ Вегас 27 стигна до „крвава“ победа над кинеската ривалка Јан Ксиаонан со нокаут во втората рунда.

Роб Фонт, пак, на поени го доби ветеранот Кори Гарбранд за исто така да влезе во игра за УФЦ појас.

Еспарза, позната како „Куки монстер“, доминираше од стартот на мечот, а на крајот на првата рунда по неколку удари со лакт ја раскрвари противничката, пред во втората рунда, лесно да ја собори и да стигне до победа со низа брутални удари. Ова е петта победа во низа за Еспарза, која најверојатно обезбеди меч со шампионката Роуз Намаџуна на крајот на годината.

Во вториот главен меч, Фонт успеа да поени да биде подобар од поранешниот шампион во бантам категорија, Коди Гарбранд, кој иако беше подобар во првите две рунди со неколку соборувања, Фонт одговори со низа удари кои го раскрварија противникот. Од тој момент, Фонт доминираше, и иако не стигна до нокаут, исходот на мечот не беше неизвесен.

Share
Scroll to Top